Израелската морнарица утрово изврши напад врз електрана јужно од јеменската престолнина Сана, која е под контрола на јеменските бунтовници Хути, изјави израелски воен претставник. Ова е втор пат израелската морнарица да изврши напад врз Јемен, по нападот во јуни врз пристаништето Ходеида, кое е под контрола на Хутите, објави „Тајмс оф Израел“. Претходно, телевизијата „Ал Масира“, која е под контрола на Хутите, објави дека електрана во близина на ...

Израелски воен претставник изјави дека генералштабот одобрил планови за повикување десетици илјади резервисти за да се започне нова фаза од операциите во некои од најгусто населените области во Газа. Зборувајќи под услов на анонимност во согласност со воените прописи, претставникот рече дека војската ќе дејствува во делови од градот Газа каде што израелската војска сè уште не дејствувала и каде што Хамас е сè уште активна. Израелските војници ...

„Израелската армија изврши напад на оддалеченост од околу 2.000 километри од Израел, во централниот дел на Јемен, таргетирајќи енергетска инфраструктура што ја користи терористичкиот режим на Хутите“, се наведува во соопштението на армијата. „Нападите се одговор на нападите што Хутите ги извршија врз Израел и неговите граѓани, вклучително и лансирање на ракети земја-земја и дронови“, се додава во соопштението. Телевизијата Ал-Масира, ...