Одлуката ја донесе Штабот за вонредни ситуации на итен состанок, соопштија од Градската управа. Најголема опасност и се заканува на населбата Трн, каде што реките Буковица, Ступчевица и Вукешница ги загрозуваат домаќинствата. Екипите веќе се на терен за да им помогнат на граѓаните. Реката Врбас е над границата за вонредна одбрана од поплави, поради што на жителите им се препорачува зголемена претпазливост. Покрај тоа, реките Турјаница, Црквена, ...

Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост каде е прогласена состојба на елементарна непогода. Поради дождот кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите. Во градот се поплавени и бројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства. Поради покачување на водостојот на ...