Неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, пронајдена за време на ископувањата во центарот на словачката престолнина, Братислава, беше безбедно деактивирана денес во 10:45 часот и подоцна ќе биде транспортирана на безбедна локација, соопшти словачката полиција во објава на социјалните мрежи. На жителите на блиските згради, на кои им беше наредено да се евакуираат утрово, им е наложено да се вратат во своите домови, објави ...

Делови од центарот на словачкиот главен град – Братислава денеска се евакуирани откако при градежни работи беше откриена бомба од Втората светска војн, соопштија официјални лица. Вонредната мерка опфати неколку блока во центарот на Братислава, вклучувајќи го и големиот мост над реката Дунав. Јавниот превоз и целиот сообраќај беа прекинати за време на утринскиот шпиц. Експертите планираа до пладне да ја деактивираат бомбата од 225 килограми, која ...