На барање на Лудогорец, мечот од 6. коло во бугарската ефбет лига со Берое на гости е одложен. Бугарскиот првак побара одложување, со цел подобро да се подготви за мечот против Шкендија, со оглед дека им е потребна победа на реваншот, по поразот синоќа во Скопје од 2-1. Дуелот меѓу Берое и Лудогорец требаше да се игра во понеделник во 20:15 часот на стадионот во Стара Загора. За разлика од бугарската екипа, Шкендија нема намера да одложува ...
Разград, 22 август 2025 (МИА) – Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа. Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство. „Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој ...