Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. ...
Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вчера се одржа поетско-музичкиот настан „Светот ја слави поезијата, градот ја слуша“, со кој беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Просторот беше исполнет со љубители на пишаниот збор и современата уметност, кои низ стих и музика сведочеа за живоста и актуелноста на поезијата денес. На сцената настапија околу 30 домашни поетеси и поети, од различни генерации и со различни поетски ...

