Технолошкиот гигант „Мета“ го изгуби случајот против италијанскиот регулатор со кој се бара компанијата да им плаќа на издавачите надомест за користење извадоци од статии во весници, откако Судот на правдата на Европската Унија застана на страната на италијанскиот телекомуникациски регулатор AGCOM. Пресудата е дел од поширок конфликт меѓу медиумските издавачи и технолошките компании околу авторските права и користењето на новинарска содржина ...
Судот на правдата на ЕУ пресуди дека земјите-членки можат да наметнат обврска за „фер надомест“ на издавачите кога дигиталните платформи ја користат нивната содржина за вести. Со ова се потврди италијанската регулаторна рамка во спор против американската компанија Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Одлуката е донесена во постапка покрената откако Мета ги оспори италијанските правила, тврдејќи дека тие не се во согласност со европското ...

