Поднесено обвинение за две лица кои се поврзуваат со грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Едно од лицата е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање. Основното јавно обвинителство води постапка и за трето лице кое во моментов не е достапно за органите на прогонот. Според обвинението првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со ...

Според Обвинителството, намерата на киднаперите им била да го натераат внукот на Љубе Бошковски да им плати за претходно украдена дрога, хероин, во количина од четири килограми. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога, соопштија од Обвинителството. ...