Во првиот меч од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига, кошаркарите на ТФТ просто се измачија да дојдат до планираната победа против Гостивар со 87:82. Имено се играа последните секунди, кога при резултат 82:82, домашните со тројка поведоа со +3 на седум секунди до крајот. Гостивар потоа имаше неуспешен напад а ТФТ со уште два поени стави крај на овој меч. Инаку за ТФТ ова беше “генералка“ пред „мајсторката“ во АБА2 лигата. Натпреварот ...

Екипата на ТФТ ја впиша деветнаесеттата победа во Супер лигата, со која останува на врвот на табелата. Во воведниот натпревар од 21 коло кошаркарите на ТФТ со страшен финиш го победија Гостивар со 87-82. Интересен натпревар вечерва одиграа овие две екипи во салата „Лазар Лечиќ“ во скопски градски парк. ТФТ беше подобар во првото полувреме со само три поени разлика 45-42. Гостите од Гостивар одиграа одлично во третиот кварта, но и на почетокот ...