Осигурителната индустрија во сегментот на неживотно осигурување забележа позитивни финансиски резултати во првата половина на 2025 година. Вкупните приходи од работењето достигнаа 5,94 милијарди денари, што претставува раст од 7,16% во однос на истиот период минатата година. Клучен двигател на резултатите е порастот на бруто полисираната премија, која изнесува 7,97 милијарди денари, односно 18,7% повеќе во споредба со првото полугодие од 2024 ...

Според неревидираните извештаи заклучно со 30.06.2025 година, УНИ Банка продолжува со позитивниот тренд, зацврстувајќи ја својата позиција на пазарот со одлични финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година. Банката забележа значителен раст на добивката, потврдувајќи ја својата стабилност и успешна стратегија. Највпечатливиот податок е растот на добивката пред оданочување, која изнесува 202,9 милиони денари, што претставува импресивен ...