Американскиот претседател Доналд Трамп нареди американската морнарица веднаш да почне процес на блокада на Ормускиот теснец, по неуспехот на маратонските разговори меѓу САД и Иран во Исламабад. Со ова, кризата на Блискиот Исток влегува во нова, уште поопасна фаза, бидејќи станува збор за еден од најважните енергетски премини во светот. Според објавеното, Трамп наложил американските сили да пресретнуваат и пловила што платиле такса на Иран за ...

По неуспешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп објави две пораки на својата мрежа Truth Social, најавувајќи блокада на Ормускиот теснец и остро напаѓајќи го Иран поради неговата нуклеарна програма. „Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важнa, НУКЛЕАРНАТА, не го направивме тоа“, напиша Трамп. Тој додаде дека американската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО сака да помогне во ситуацијата во Ормускиот теснец. Во разговор за Фокс њуз, тој рече дека преговорите со Иран кон крајот биле „многу пријателски“. „Ќе го блокираме Ормускиот теснец, ќе биде потребно извесно време“, рече тој, додавајќи дека „нема да биде потребно долго време за да се исчисти теснецот“. Тој исто така тврди дека „голем број земји ќе помогнат“ во операцијата, вклучувајќи ...