Попладнево избувна пожар во парк-шума Гази Баба во Скопје. На терен интервенираат екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје кои се обидуваат да го локализираат огнот и да спречат негово ширење кон поголеми зелени површини и населени места. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Од надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во вакви екстремно топли ...
Седум пожарникари со три противпожарни возила попладнево интервенирале во гаснење на пожар во парк-шумата Гази Баба. Командирот на скопската противпожарна единица Звонко Томевски вели дека пожарот бил во делот од паркингот на Природно-математичкиот факултет и се ширел кон резервоарот на „Водовод и канализација“. „Поради брзата интервенција, пожарот веднаш е изгаснат“, вели Томевски.Тој додава дека поради интервенцијата на пожарникарите ...
Денес пламна голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет, извести директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов. Директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али изјави дека кога пристигнал на терен, присутни биле скопските пожарникари и доброволното друштво од Чаир. – За два часа пожарот е ставен под контрола, и сега на терен има една дежурна екипа за да увидат дали ќе има потреба од интервенција, рече Али. ...
Попладнево избувна нов пожар во Град Скопје, овој пат парк-шумата на Гази Баба, популарно место за рекреација на скопјани. Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, а според првичните информации, тој брзо се шири поради сувата вегетација и високите температури кои го зафатија регионот во изминатиов период. Парк шумата Гази Баба и во претходните години често била мета на пожари, а дел од нив биле и намерно предизвикани. Надлежните ...