Селекторот Јошко Миленкоски прозиваше, а на првиот состанок се појавија 18 одбојкари, поголемиот дел од нив првпат во А – селекцијата, на кои се гледа како дел од иднината на тимот. Според најавеното интернационалците Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Александар Љафтов, Филип Савовски и Филип Маџунков, како и Стојче Арсов ќе се приклучат на 13 мај во Скопје. Традиционално со ручек и работен состанок селекторот Миленкоски ги поздрави сите играчи ...
По комплетирањето на првата фаза од подготовките кои траеја во изминатава недела, македонската одбојкарска репрезентација денеска доби слободен ден, а од утре продолжува со активностите во Скопје. Во пресрет на првиот собир во престолнината, селекторот Јошко Миленкоски реши да го скрати списокот, па така за вториот дел од подготовките ќе смета на 17 одбојкари. Предводникот на македонската репрезентација реши да избере 17 „спартанци“ кои ќе ги ...
По една седмица подготовките во Крушево машката сениорска репрезентација на Македонија вчера попладнето ја напушти стартната локација, денеска репрезентативците добија слободен ден, додека утре на пладне треба да се јават на нов собир во Скопје. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб одлучија да им дадат ден за оддишка на оние кои се ставија на располагање уште на стартот, а дел од нив заедно со интернационалците – Никола ...

