Навистина, полн со радост поради меѓусебното запознавање беше духот во кој од 11 до 12 април се одржа втората грчко-македонска конференција во Скопје. Темата беше „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“. Овојпат организатор и домаќин беше Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Првата конференција се одржа на 14 декември на универзитетот во Солун, во организација на Катедрата за словенски, балкански и ...
Тоа што со години универзитетите во двете соседни земји немаа ваква интензивна соработка се должеше на реалната, „видлива“, и на имагинарата, „невидлива“ граница меѓу двете држави и меѓу двете култури. Вторава граница беше плод на меѓусебното непознавање на двата соседа. Затоа со право во фокусот на двете конференции беше надминувањето на границите со литературниот превод. Притоа, дека одамна имаше потреба од таква соработка говори фактот што ...