Три момчиња, едно на возраст од 18 и две кои имаат по 15 години, попладнево ги однела реката Треска во Скопје, поради зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едното момче веднаш било извлечено од реката, додека другите две се пронајдени и спасени низводно по течението на Треска. Децата немаат видливи повреди и се во добра состојба. Пријавата е ...

Денес преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“, кој бил направен за потребите на производство на електрична енергија. Сите три лица се спасени, се живи и, според првичните информации, немаат видливи повреди Според информациите од Центарот за управување со кризи, силниот воден тек однел две ...