Штипска Брегалница и официјално есенската полусезона во Втората лига ја заврши на третата позиција со 33 бодови. Тимот кој го води искусниот стратег Влатко Костов зад себе има десет победи, три ремија и два порази, па со ќе презими на третото место со три бодови помалку од есенскиот шампион Охрид кој има 36 бодови, а два помалку од Шкендија Арачиново која е втора со 35 бодови. Брегалница есенскиот дел го заврши со триумф од 0:4 над Победа во ...
Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ зад себе имаат фантастична есен. Тимот кој го води Ромео Кочоски има 11 победи, три реми и само еден пораз, притоа го има најефикасниот напад со 38 гола и втора најдобра одбрана која прими десет гола. „Рибарите“ имаат бод повеќе од Шкендија Арачиново која ќе презими како втора со 35 бодови, а пак Брегалница ќе биде трета со 33 бодови. Тимот од Арачиново и тимот од Штип ...
Арсими и Пелистер одиграа 3-3 во последниот прволигашки меч за 2025 година, и по 16 кола, тимот од Чегране ќе презими на петто, а битолчани на деветто место. Првенството продолжува во средината на февруари. Пелистерци кои имаат четири меча по ред без пораз, водеа со 2-0 и 3-1, но не успеаја да победат во Гостивар. Арсими покажа дека е тим кој никогаш не се предава и со голови во 81-ва и 83-та минута дојде до израмнување. Двата тима можеа да ...

