Завршија регуларните 90.минути од реванш мечот од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкендија и ТНС и тоа со резултат 1:1. Ова значи дека овој реванш отиде во продолженија, ако и по 2Х15 нема победник, се знае дека на првиот меч во Велс беше 0:0, патникот во следната фаза ќе го решаваат пеналите. Поразениот ќе продолжи во 2.квалификациско коло во ЛК. Шкендија поведе со голот на Тамба во 18.минута, додека ТНС израмни на 1:1 со голот на Џ. Вилијамс ...

Македонскиот првак Шкендија и велшкиот шампион ТНС ќе мора да играат дополнителни 30 минути продолженија, во кои евентуално треба да се одлучи победникот во двомечот, тимот кој ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. На првиот меч во Велс немаше голови, а вечерашниот дуел заврши 1-1 по 90 минути. Шкендија важеше за фаворит пред почетокот на реваншот, имаше и доминација во поле, но не успеа тоа да го ...