Земјите членки на Европската унија постигнаа начелен договор да ги задржат замрзнати руските средства во блокот на неопределено долг период – потег што се смета за важен напредок кон финализирање на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации на Украина. Формалното усвојување се очекува утре на состанокот на Комитетот на постојани претставници (Корепер), и тоа врз основа на член 122 од Договорот за функционирањето на ЕУ. ...
Италија се приклучува кон консензусот на Европската Унија во поддршка на замрзнувањето на руските средства, потврди италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, најавувајќи дека Рим ќе гласа за мерката. Изјавата доаѓа во време кога ЕУ се обидува да го консолидира својот одговор на руската агресија во Украина, при што замрзнувањето на средствата е еден од клучните елементи на пакетот санкции. – Италија е за стабилизирање на ...
Европската унија (ЕУ) одобри продолжување на замрзнувањето на руските средства на својата територија, користејќи вонредни овластувања, што претставува клучен чекор кон користење на тие средства за помош на Украина. Владите на земјите членки на ЕУ во петокот дадоа согласност за предлогот на Европската комисија (ЕК), смислен со цел да се спречи евентуално вето за продолжување на мерката, кое досега претставуваше пречка во обидите на ЕУ да ...
Владите на Европската Унија на 11 декември започнаа процес за замрзнување на средствата на руската централна банка кои се фиксирани во Европа на долг рок, со цел да се избегне гласање на секои шест месеци за продолжување на замрзнувањето и да се отвори патот за користење на парите за Украина. Одлуката за започнување на процесот, според кој мора да се согласи квалификувано мнозинство од владите на ЕУ, е дел од правниот систем на ЕУ, кој им ...

