Во рамки на проектот ќе бидат опфатени 40-тина ученици, кои учат македонски јазик во двете основни училишта во Загреб “Август Харамбашиќ“ и „Никола Тесла“, под водство на наставникот Деспина Белчовска Велинска. Ќе бидат реализирани три креативни работилници, и тоа: драмска под водство на актерката и режисер Снежана Конеска Руси, работилница за илустрација на книги за деца под водство на дизајнерот и едукатор Елена Максимовска и работилница ...
Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави е многу значаен културен елемент. Ова е главното мото, под кое од 16 до 19-ти април во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб , ќе биде реализиран мултимедијалниот проект за деца “Магичниот круг на детството “ на КАТ Продукција. Проектот се реализира со поддршка ...

