Водата од водоснабдителниот систем во Кичево е безбедна и исправна за пиење и употреба, покажале резултатите од вонредната контрола извршена од Центарот за јавно здравје – Битола. Како што информираат од ЈКП „Комуналец“ – Кичево, во понеделникот, по нивно барање, биле земени примероци од вода од седум различни мерни места на подрачјето на градот. Според добиените резултати од лабораториските анализи, сите земени примероци се исправни, ...

По информациите објавени во јавноста за исправноста на водата, ЈКП „Комуналец“ – Кичево појаснува дека нема противречност меѓу вчерашното известување на претпријатието и денешното соопштение на Општина Кичево, бидејќи станува збор за различни водоснабдителни системи. Вонредната контрола на градскиот водоснабдителен систем кичевски Комуналец истакна дека покажа 100% исправност, односно водата ги исполнува бактериолошките и физичко-хемиските ...

Општина Струмица објави известување за жителите на Вељуса со кое ги информираат дека водата не е здравствено исправна за пиење. „Овој наод е констатиран по извршените анализи на земените мостри од чешмата пред училиштето од страна на Центарот за јавно здравје – Струмица. Забраната важи се до добивање на негативни резултати од следна анализа“, стои во известувањето од Општина Струмица Известување има и од ЈПКД Комуналец за жителите на Водоча ...