Од раните утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи (МВР) се активно вклучени во гаснењето на пожарот во близина на Чучер-Сандево. Според информациите од МВР, се работи за хеликоптерите Бел 412 и Агуста Бел 212, кои досега имаат исфрлено над 70 тони вода врз зафатената површина. Интервенцијата продолжува со зголемен интензитет, а надлежните апелираат за претпазливост ...
СКОПЈЕ (АА) - Пожарот што избувна во неделата во шумскиот предел помеѓу селото Блаце и Општина Чучер Сандево, регион во близина на границата меѓу Северна Македонија и Косово, сè уште е активен, а екипите се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, известува Анадолу. Тимот на Анадолу ја сними интервенцијата на хеликоптерите во пожарите, а на терен може да се видат и слики од последиците од пожарот чиј интензитет се зголеми ...