Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтрахт Франкфурт со 3-1 (2-0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига. Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и веднаш победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме. Баер доби капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо веќе во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал. Тие 2-0 ...
Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, вели дека одлуката да му дадат отказ на тренерот Ерик тен Хаг е одлична одлука. Холандскиот стратег доби отказ само по две одиграни кола, што е рекордно најбрзо заминување на еден тренер во историјата на Бундеслигата. Каро вели дека огромна грешка било доведувањето на Тен Хаг, но брзо ја коригирале. „Ја поправивме грешката што ја направивме кога го назначивме Тен Хаг за тренер. Ерик има свои ...