Екипата на Работнички е младински првак на Македонија и за првпат во историјата ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите за младинци на УЕФА. Работнички по 22 одиграни кола во младинскиот шампионат заврши на првото место на табелата со 51 бод. На своето конто забележа 16 победи, три нерешени и три порази. Тимот предводен од Томислав Франц ја завери титулата со домашна победа над Брегалница Штип со 2-1, со головите на Бектеши и Подграѓа. ...

Младинскиот тим на Работнички испиша златна страница во историјата на клубот, освојувајќи ја шампионската титула во македонскиот младински шампионат. Со тоа, за првпат ќе се натпреварува во квалификациите за младинската Лига на шампиони на УЕФА — елитната сцена на европскиот младински фудбал. По 22 натпревари, генерацијата предводена од тренерот Томислав Франц заврши на врвот со 51 освоен бод, запишувајќи 16 победи, три ремија и само три порази. ...

Младинците на Работнички У-19 и официјално се шампиони на Македонија во својата конкуренција, па така овој тим ќе ја претставува нашата земја во младинската лига на шампионите. Се разбира дека ова е голем успех за овој клуб кој по првпат ќе се натпреварува во оваа конкуренција во фудбалска Европа. Инаку ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи на крајот на август а мечевите ќе се играат во септември. Треба да се минат три кола за да се ...