Од „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“ до „Маме му е… кој прв почна“, „Друга страна“ и „Утерус“, драмите на Дејан Дуковски создаваат специфична театарска текстура исполнета со цитати, иронија, балканска стварност и силен општествен коментар. – Балканот има важна улога во драмите на Дуковски, тие се како уште еден лик што не е човечки, вид коментар, место дијагноза, тетоважа – кажа Ана Стојаноска во неодамна одржаниот разговор со Дејан ...
Драмата како жанр се занимава со криза и конфликт, а Балканот отсекогаш е такво место, истакна познатиот драмски писател Дејан Дуковски на разговорот одржан на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје. Настанот беше организиран во чест на Дуковски како „Автор во фокус“ на претстојното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Проф. д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот, посочи дека европскиот ...

