ГРК Охрид го совлада Вардар 1961 во 8 коло од плеј-офот 26:24 и ја продолжи битката за вицешампионската позиција на табелата што води во Европската лига. Мечот се одигра во одлична спортска атмосфера. Вардар беше пречекан со аплаузи и честитки од играчите на Охрид за освоената шампионака титула, по што следеше голема борба на теренот која заврши со победа на домашниот тим. Одбраната ја предводиеше феноменалниот Пилиповиќ кој мечот го ...
Охрид отвори добро и водеше во првите десетина минути. Потоа Вардар подобро го заврши првото полувреме и на пауза замина со предност од 12-14, иако охриѓани во неколку наврати имаа контрола над резултатот. Домашниот тим добро парираше во воведот, а со головите на Јасухира и Ѓукиќ стигна и до 8-5. Гостите отворија подобро и во вториот дел, поведувајќи со 12-16, но следеше голем пад во нивната игра. Охрид направи серија од 4-0 и целосно се ...

