Голем пожар се доближува до населено место во Крива Паланка, алармира градоначалникот Сашко Митовски во обраќање во живо на Фејсбук. – АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ! ДА ПОМОГНЕМЕ ВО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ! Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани. Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново! Мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите ...

„Ситуацијата е критична. Пожарот е веднаш до бензинските. Во опасност се и луѓето и целиот регион,“ велат граѓани кои се на теренот и апелираат за итна интервенција. Поради сувото време, силниот ветер и тежок терен, пожарот брзо напредува, а ризикот за поширока еколошка и материјална штета е огромен. „Спасете што може да се спаси“, апелираат граѓаните. Надлежните служби се на терен, но очигледна е потребата од воздушна поддршка и засилување на ...

Пожар во Крива Паланка, градот е во чад. - Градот се наоѓа под најголема стихија, а домовите на населението се директно загрозени, изјави градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Градоначалникот апелира на смиреност и истовремено бара итна помош од соседните градови и од државата за справување со огнената стихија. Надлежните служби се на терен, но поради големината и интензитетот на пожарот, потребна е дополнителна поддршка за да се ...