Попладнево избувна нов пожар во близина на Општина Бутел, на стариот пат кон Смилковско Езеро. Според градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, пожарот е на територија на Општина Гази Баба, но ситуацијата се следи внимателно. „Апелирам до граѓаните да останат смирени и без паника. Веќе разговарав со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски, и на терен се присутни противпожарни екипи кои работат на неутрализирање на огнот“, соопшти ...

Вечерва избувна нов пожар на повеќе локации во околината на Смилковско Езеро, за кој постои сомневање дека е подметнат. Пожарот брзо се прошири, а поради опасноста, сообраќајот на дел од обиколницата е целосно во прекин. Екипи за интервенција заедно со кризниот штаб се веќе на терен и работат на локализирање на огнот. Надлежните предупредуваат дека, како последица на пожарот, можно е да дојде и до прекин во снабдувањето со електрична енергија ...