Ал Наср конечно стигна до посакуваната шампионска титула, но колку што е голем придонесот на Кристијано Роналдо на теренот, подеднакво значајна е работата на Жорге Жезус како кормилар на новиот шампион на Саудиска Арабија. Токму затоа, Жезус изненади многумина што веднаш по завршувањето на последното коло и прославата на титулата објави дека заминува од Ал Наср. Интерес за овој стратег покажуваат Португалската Фудбалска Федерација (за по СП ...
Искусниот португалски стратег Жорге Жезус со искрена и емотивна изјава ја сумираше својата последна епизода во Саудиска Арабија, нагласувајќи дека заминува исполнет откако ја остварил главната цел – да му помогне на Кристијано Роналдо да стигне до трофеј. „Уште кога дојдов овде, кажав дека мојата мисија е да му помогнам на Роналдо да освои трофеј. Успеав во тоа и си заминувам среќен“, истакна Жезус, потенцирајќи дека успехот во Саудиска ...
Кристијано Роналдо не ги криеше емоциите откако ја освои првата шампионска титула во Саудиска Арабија, но неговиот ефект во текот на сезоната не беше доволен да му го обезбеди и признанието за играч на сезоната. За многумина неочекувано, Португалецот ја загуби битката со својот сонародник Жоао Феликс, кој по титулата со Ал Наср, стигна до МВП наградата во шампионатот на Саудиска Арабија. Феликс направи одличен потег со напуштањето на Европа и ...

