Долга прошетка на ден е подобра за вашето срце од неколку кратки, особено ако обично не се движите многу, според ново истражување објавено во списанието „Анали на интерна медицина“. Идеално е да одите најмалку 15 минути без запирање, вели студијата. Тоа се околу 1.500 чекори по ред, што е добар тренинг за вашето срце, објавува Би-Би-Си. Многу луѓе се стремат кон 10.000 чекори на ден, но таа бројка всушност доаѓа од реклама за јапонски педометар ...
Истражувањето, објавено во реномираното списание „Анали на интерна медицина“, опфатило речиси 34.000 луѓе во Велика Британија кои оделе помалку од 8.000 чекори дневно. Учесниците биле поделени во четири групи според траењето на нивните вообичаени прошетки: помалку од пет минути, пет до десет минути, десет до петнаесет минути и петнаесет минути или подолго. Резултатите беа јасни: тие кои поголемиот дел од своите дневни чекори ги правеле во ...

