На 16.09.2025 околу 09:11 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Делчево-Берово, на место викано „Стамерски Преод“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од с.Звегор, делчевско и патничко возило „фолксваген туран“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.В.(42) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.В., ...
Малолетничка е тешко повредена откако со мотоцикл излетала од пат во битолско. – На 17.09.2025 во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола, известија од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола. ...