Примирјето, за кое американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека ќе биде продолжено, веќе ја покажа својата кревкост во неделата, кога двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот. Според Украинформ, пет лица, меѓу кои и тинејџер, биле повредени утрово во Херсон во руски напад со дронови. Украинската војска соопшти дека во изминатите 24 часа биле забележани 180 судири долж првата линија на фронтот, а руските сили ...

На фронтот во Украина во изминатите 24 часа биле регистрирани 210 борбени судири меѓу украинските и руските сили, соопшти Генералштабот на украинската армија. Најжестоките борби се воделе во правец на Покровск и Костјантиновка, каде украинските сили тврдат дека одбиле десетици руски напади. Според украинскиот Генералштаб, руските сили извеле 111 воздушни напади, фрлиле 314 наведувани бомби, а биле регистрирани и речиси 9.000 напади со ...