Македонскиот национален тим од денеска е комплетен откако во Гевгелија пристигна и американскиот кошаркар Џејкоб Вајли, кој треба да даде квалитет плус во нашиот состав во претквалификациите за СП 2025 во кои „црвено-жолтите“ за ривали ќе ги имаат Унгарија и Романија. Вајли до неодамна имаше обврски на клупски план, но Американецот без многу размислување ја прифати поканата да дојде и да помогне на оваа подмладена македонска селекција да се ...

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е комплетна. Во Гевгелија пристигна Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли. Со Вајли „црвено-жолтите“ ќе добијат цврстина под обрачите. Тој заедно со Адем Мекиќ и Андреј Магдевски ќе бидат лидери на младите кошаркари. Вајли последен пат за македонската репрезентација играше во претквалификациите за СП 2023 година. Има одиграно 12 натпревари на кои забележал просек од 12.8 поени и 7.6 ...