Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека францускиот центар Матијас Лесор ќе биде подготвен да настапи на претстојниот натпревар против Жалгирис во Евролигата. Лесор неодамна се врати на тренинзите со тимот по период на пауза поради повреда, а Атаман истакна дека неговото враќање е многу важно за екипата во завршницата од сезоната. Според турскиот стратег, кошаркарот веќе тренира со соиграчите, но сè уште се привикнува на тимската ...
Екипата на Панатинаикос го победи Жалгирис со 92:88, во рамките на 31. коло од Евролигата. Враќањето на Матијас Лесор на теренот по неколкумесечна пауза донесе многу причини за радост за навивачите на Панатинаикос. Тој веднаш придонесе за победата на својот тим, кој го победи Жалгирис по неизвесна завршница. Лесор го заврши натпреварот со девет поени и три скока, но најефикасен играч во редовите на „зелените“ беше охриѓанецот Џеди Осман со 23 ...

