Патникот во Супер-лигата ќе биде решен со мајсторка откако кошаркарите на Бутел славеа на синоќешниот дуел со Струмица со резултат 85-77, израмнувајќи на 1-1 во финалната серија од прволигашката конкуренција. Струмичани рутински го добија првиот меч на домашен терен, но Бутел покажа карактер, јасно ставајќи до знаење дека немаат намера да се откажат без борба. Дуелот беше максимално интересен и неизвесен, а „бутелци“ беа подобар ривал во ...

Кошаркарска Струмица по подолго време ќе гледа елитна кошарка следната сезона. Струмичани го добија клучниот дуел против Бутел и обезбедија промоција во Суперлигата. Во прекрасна атмосфера во салата „Никола Карев“ домашните кошаркари со 81-76 славеа во „мајсторката“ со скопскиот ривал и на тој начин се вратија во елитното натпреварување. По израмнетите два натпревари од финалната серија, јасно беше дека и вечерва ќе биде неизвесно до самиот ...