Не стивнуваат страстите по вчерашниот дуел од ВМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. На очиглед на домашната публика во Гевгелија, Кожуф малтене му дозволи на гостинот да победи со гол постигнат во судиското продолжение, и на начин на кој што треба сите актери на овој меч да се засрамат. По ова, откако јавноста „збесна“, ФФМ најави сериозна истрага, санкции и реперкусии за направеното, се јавија двата клуба со соопшение, еве ги ...

Навивачите на Кожуф од Гевгелија беа сведоци на тоа што се случи на вчерашниот меч против Башкими, во Втората фудбалска лига на Македонија. Кожуф водеше на полувреме си 1:0, но на крајот загуби со 1:2. Тоа што ја вознемири спортската јавност беше погодокот на Башкими постигнат во 90+4 минута за победа од 2:1. Од ФФМ и од Министерството за спорт најавија жестоки казни ако се докаже дека имало манипулации на овој натпревар и ако не е се според ...