Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на општина Шуто Оризари рече дека оваа Влада ја препознава оваа општина и сака да помогне во реализирањето на инфраструктурни проекти. – Градоначалникот спомена дека станува збор за 58 проекти со вкупна вредност отприлика 4 и половина милион евра, некаде околу 275 милиони денари. Но, и покрај проектите кои што се финансирани преку првиот и вториот повик од Министерството за локална самоуправа, ...

Меѓународниот ден на Ромите, денеска, во Шуто Оризари, беше одбележан со означување на почетокот на реконструкцијата на улицата „Брсјачка буна“, каде што присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа – Златко Перински, скопскиот градоначалник – Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Шуто Оризари – Курто Дудуш. Како што нагласи градоначалникот Дудуш, за разлика од претходно, кога се одбележувал Светскиот ден ...