Марко Ѓорѓиевски и Бесарт Ибраими ја поделија наградата за најдобар стрелец во сезонава во ПМФЛ. Ѓорѓиевски до пред последното коло, имаше два гола помалку од Ибраими, но на крајот успеа да постигне два токму против Шкендија и да го подели првото место. Ѓорѓиевски имаше одлична сезона со Силекс, неговите голови обезбедија и учество на тимот во Лигата на Конференции. Но, таму нема да игра најдобриот стрелец кој најави заминување од кратовскиот ...

Во таборот на Силекс нема време за чекање, ако се знае дека за овој клуб ова лето ќе биде европско Од денеска за кратовци, за вицешампионот на Македонија започнува преодниот рок. Имено утринава кратовци се пофалија со нови име, и тоа интернационалец од Португалија, Мигуел Пиреш (28). Станува забор за играч од средниот ред а последен клуб му бил Дигенис Акритас од Кипар. Што се однесува до Силекс, јавна тајна е дека остана без својот прв ...

Тетовци наместо со победа за крај, за славје за новата петта титула,доживеаја пораз од Силекс и тоа со 1:3 и тоа по заслуга на феноменалниот Марко Ѓорѓиевски, кој убаво и ја “честиташе“ титулата на Шкендија. Со тие два гола Марко стана и најдобар стрелец во сезоната, која штотуку заврши, со 15 голови, поточно го подели подиумот со Бесарт Ибраими од Шкендија. Ова беше негов последен меч за Силекс, како што и самиот најави сега пред него се нови ...

Македонскиот напаѓач, Марко Ѓорѓиевски беше клучна фигура во сигурната победа на Силекс на гостувањето кај Шкендија од 1-3. Со овие два гола Ѓорѓиевски го стигна Ибрими и двајцата завршија на врвот во листата на стрелците во сезоната во ПМФЛ, а по средбата во Тетово, некогашниот младински репрезентативец откри дека го напушта Силекс ова лето. „Последен танц, последни два гола и последен натпревар за Силекс“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните ...