Ти Џеј Шортс ја пронајде вистинската форма во Валенсија, а одличните игри на почетокот на сезоната беа наградени со големо признание. Организацијата на Евролигата го прогласи за најкорисен играч (MVP) за месец октомври. Репрезентативецот на Македонија има одличен период зад себе, во кој се етаблираше како еден од најдоминантните поединци во елитното европско натпреварување. Бројките најдобро го илустрираат неговиот придонес. Во девет ...
Евролигата го прогласи македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс за најкорисен играч (МВП) на месец октомври. На девет одиграни натпревари во Евролигата, македонскиот плејмејкер бележи просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар. Во категориите поени и асистенции се наоѓа на третото место во лигата, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најдобри играчи според овој параметар. ...

