Куманово, 27 април 2026 (МИА) - Петтиот семинар на традиционална музика и игра ќе се одржи денеска и утре во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, информираа организаторите. Семинарот посветен на зачувување и современа интерпретација на културното наследство е во организација на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, и годинава е на тема „Од традиција до сцена“, наменет за едукација и афирмација на традиционалната ...

Предавачи на семинарот се професионалци од НУ „Танец“, Теодора Стојановска и Мартина Максимовска, како и Бојан Петковски, активист за заштита на културното наследство. „Семинарот има за цел да ги поврзе традиционалните форми на изразување со современите сценски практики, овозможувајќи им на учесниците да стекнат теоретски знаења и практични вештини за правилна интерпретација и сценска презентација на традицијата и културното наследство. ...