Екипата на Тун е на еден бод од титулата, а еден од најдобрите играчи во екипата е македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој блеска во Швајцарија. 24-годишниот центарфор е наш најеефикасен играч во странство, со голови и асистенции. На вкупно 32 средби, Растодер има 13 гола и шест асистенции, што има големи шанси да му донесе и големо признание. Растодер е меѓу номинираните играчи за дел од тимот на сезоната во швајцарската Супер Лига. ...
Ете, тоа се вика една убава фудбалска бајка. Имено пред стартот на сезоната ретко кој во Швајцарија го сметаше Тун за тим кој може да се бори за врвот, а за титулата речиси никој. Сепак Елмин Растодер и неговите соиграчи просто “мелеа“ во текот на целиот шампионат и вечерва (20:30 часот) пред своите фанови, ако победат против Лугано на Џани Алиоски, и дефинитивно ќе испишат историја. Во својата речиси 130 годишна историја за првпат ќе станат ...

