Кошаркарите на Панатинаикос во драматичен натпревар со 86:83 ја совлада Валенсија и тоа на гости, благодарение на тројката на Најџел Хејс-Дејвис во последната секунда. Валенсија на 40 секунди до крајот по поените на Ти Џеј Шортс поведе со 83:80, но грчкиот тим успеа да направи пресврт. Прво, Кендрик Нан со тројка донесе израмнување, а по промашувањето на Армони Брукс, Панатинаикос имаше напад за победа, кој го реализира Хејс-Дејвис во ...
Најџел Хејс-Дејвис погоди победничка тројка од девет метри со звукот на сирената и му донесе триумф на Панатинаикос од 86:83 на гостувањето кај Валенсија во 14. коло од Евролигата, епилог кој неодоливо потсети на она што се случуваше во лудите пресметки на овие два тима во четвртфиналето минатата сезона. Натпреварот кој вечерва се одигра во „Роиг арената“ во Валенсија понуди неверојатна драма и водството се менуваше дури во 17-наврати, но на ...
Кошаркарите на Панатинаикос остварија голема гостинска победа против лидерот на табелата Валенсија со резултат 83-86 во натпревар од 14. коло на Евролигата одигран пред 14.310 гледачи во Валенсија. Гостите од Атина го решија мечот во последните триесетина секунди со две тројки, оставајќи ги домаќините без одговор во драматичната завршница. По првата четвртина без предност за ниту една страна (19-19), Панатинаикос го презеде минималниот ритам ...

