Македонскиот фудбалски првак Шкендија ја продолжува европската бајка и тоа вечерва на арената „Тодор Проески“, каде што за противник ќе го има Лудогорец во првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на Европа. Шкендија летово одигра три меча на свој терен во Европа и двапати се радуваше, против ТНС со 2:1 (по дополнителни 30 минути игра) и ФЦСБ (1:0), а еднаш минимално загуби со 0:1 од Карабах. Тоа што е забележително е дека Шкендија дома игра ...
Европската бајка на Шкендија продолжува! Македонскиот првак има големи шанси за влез во групната фаза во Лигата на Европа, откако вечерва го совлада бугарскиот шампион Лудогорец во Скопје со 2-1, и со предност од еден гол ќе патува на реваншот во Разград за седум дена. Лесно можеше да биде и поубедлива победата на Шкендија, но и Лудогорец да се „спаси“ вечерва на Арената. Она што се виде вечерва во Скопје, е дека Шкендија може да излезе како ...