Пожарникарите сè уште се борат со пожар на Корчула, хрватски остров во Јадранското Море, кој избувна во саботата попладне помеѓу Смоквица и Блато, објави ХРТ. На терен се повеќе од 180 пожарникари, а се проценува дека противпожарната линија е долга повеќе од четири километри. Државниот пат Вела Лука – Корчула е отворен за сообраќај, но поради пожарот, на возачите им се препорачува да го користат само во итни случаи. Се проценува дека ...
Големиот пожар помеѓу Блато и Смоквица на Корчула е ставен под контрола. На местото на пожарот сè уште има чад, а пожарникарите продолжуваат да ги чистат рабовите на изгорената површина за да спречат повторно разгорување на пожарот, пренесува хрватски „Индекс“. Шефот на окружната противпожарна служба Стјепан Симовиќ изјави во раните попладневни часови дека ситуацијата е подобра од претходниот ден, но предупреди дека нема простор за ...

