Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Али Ахмед ал-Хадад, загина во авионска несреќа по напуштањето на главниот град на Турција, Анкара. Премиерот на меѓународно признатата влада на Либија во вторник вечерта потврди дека Мохамед Али Ахмед ал-Хадад загинал и дека уште четворица биле во авионот со него. „Ова следеше по трагичен и болен инцидент додека се враќале од службено патување од турскиот град Анкара. Оваа тешка загуба е ...
Шефот на либиската војска загина во авионска несреќа во Турција, изјави либискиот премиер. Генералот Мохамед Али Ахмед ал-Хадад и уште четворица други биле во авионот „фалкон 50“ што летал од Анкара кон Триполи. Во објава на Икс, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека сигналот со авионот бил изгубен во 20:52 часот по локално време, околу 42 минути откако полетал од аеродромот во Анкара. Авионот побарал итно слетување ...
Остатоците од приватниот авион кој летал од Анкара кон Триполи, а во кој се наоѓал началникот на Генералштабот на либиската армија, се пронајдени јужно од турската престолнина, соопшти во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Како што изјави Јерликаја, остатоците од деловниот авион „Фалкон 50“, кој полетал од аеродромот Есенбога во Анкара на пат кон Триполи, биле лоцирани од жандармериски екипи на околу два километри јужно ...
Остатоците од приватниот авион што леташе за Триполи, во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија, кој го изгуби контактот кратко по полетувањето од Анкара, беа пронајдени јужно од турската престолнина, изјави вечерва турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, објави Ројтерс. Препорачано Според официјални лица, во авионот имало пет патници, вклучувајќи го и началникот на либискиот Генералштаб, генерал Мохамед Али ...

