Манчестер Јунајтед падна на 14. место на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ загубија со 4-1 на гостувањето против Њукасл. Дуелот на „Сент Џејмс Парк“ донесе уште една потпросечна партија на избраниците на Рубен Аморим во која Манчестер парираше едно полувеме, за во вториот дел Њукасл целосно да издоминира и заслужено да стигне до убедлива победа. Сандро Тонали го отвори резултатот за огромна радост на домашните навивачи во 24. ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш го изрази своето разочарување по тешкиот пораз на тимот од Њукасл со 1-4 во неделата. „Црвените ѓаволи“ успеаја да израмнат пред паузата, но беа збришани во вториот дел. Португалскиот интернационалец го привлече вниманието на примените голови и ги критикуваше своите соиграчи. „Речиси сите голови беа резултат на нашите грешки… Разочаран сум од моите соиграчи само затоа што знам колку се добри“, ...