Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Белград на 20 јули во 20,30 часот организира концерт во чест на Нина Спирова, под наслов „Еден бакнеж за Нина“. Спирова (1938-2020) беше една од најголемите македонски интерпретаторки на сите времиња, како на забавни мелодии така и на народни песни. Одбележа цела една ера во македонската и во музиката на поранешната југословенска заедница, оставајќи неизбришливи траги со нејзиниот глас и ...

„Генеративна уметност: Инспирација или имитација 2.0“ на Роберт Цветковски е поставена во КИЦ во Белград. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, како носител го има познатиот академски сликар Роберт Цветковски, а ќе биде остварен во соработка со архитектонското студио АРХИКС, кого го претставуваат Ален Цветковски, Натали Велеска, Сара Велеска и Андреј Цветковски. Пред белградската публика, во галерискиот простор на ...