Прилеп, 2 јуни 2025 (МИА) - Во првиот натпревар од финалето во плејоф на Супер лигата, пингпонгарите на Крива Паланка го победија тимот на Младост 96 од Припел со 4:3 и се на чекор до шампионската титула. Пелистер од Втора лига ќе се унапреди во Прва лига со победата над ППК Кочани. Ова ќе биде прв настап за битолската екипа во второто по ранг натпреварување во Македонија. Кочани ќе ги продолжи натпреварите во Втора лига, односно трета по ранг. ...
Алкалоид е новиот првак во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на сметка на АЕК испиша историја, стана првиот македонски тим кој успеал да го крене пехарот во ова натпреварување. Иако се уште не е официјално, но според ланските пропозиции, Алкалоид следната сезона може да оди едно ниво погоре. Како првак на ЕХФ Европскиот Куп добива место во квалификациското коло за пласман во групната фаза во Европската лига. ...