Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас синоќа беше прогласен за спортист на годината добивајќи ја престижната награда „Лауреус“, на гала церемонија која се одржа во Мадрид. Алкарас беше одличен во минатата година кога ги освои гренслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа. За нешто повеќе од еден месец ќе започнат возбудувањата токму на Ролан Гарос каде Алкарас треба да го ...
Карлос Алкарас беше главна ѕвезда во Мадрид откако ја освои „Лауреус“ наградата за најдобар машки спортист во 2025-та година, но набрзо откако го доби престижното признание, шпанскиот тенисер ги загрижи новинарите за својата состојба. Алкарас се појави на црвениот тепих во Мадрид со специјална заштита на зглобот на раката и беше лимитиран во намерата да одговори на сите фанови кои бараа автограм од него, а откако беше избран за спортист на ...

