Раководството на АЕК попладнево преку соопштение испрати порака до своите навивачи, доколку немаат билет за реваншот со Алкалоид да не доаѓаат пред салата „Борис Трајковски“. Како што претходно беше најавено и од страна на македонскиот тим, Грците ќе имаат 200 билети за навивачите да им дадат поддршка во Скопје, а управата на АЕК порача дека оние кои немаат влезници за мечот не треба да доаѓаат блиску до салата, бидејќи тоа нема да биде ...

Се наближува почетокот на второто “полувреме“ од финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Алкалоид и АЕК. Почетокот е закажан за 20.30 часот, трибините во Арената “Борис Трајковски“ ќе бидат преполни, а најавено е дека ќе има фанови од Грција, фанови на АЕК. Па така во текот на денот раководството на грчкиот клуб упати апел до своите навивачи: “АЕК ги информира своите навивачи дека на денешниот официјален состанок и покрај барањето за што повеќе ...