Кошаркарките на Бадел 1862 триумфираа и на гостувањето во „мајсторката“ со 61:59 против Баскет кам за конечни 2-1 во полуфиналето од плејофот на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Тоа значи, дека Македонија ќе има нов шампион во женска сениорска конкуренција. Со кого ќе играат за шампионската титула, „баделки“ ќе дознаат по одигрувањето на третиот меч од серијата во кој, денеска од 19.00 часот, играат екипите на Крива Паланка и Вардар (резултатот ...

Македонска Каменица, 26 април 2026 (МИА) – Македонската клупска кошарка во женска конкуренција ќе има нов шампион, откако Бадел 1862 го совлада попладнево Баскет кам со 61-59 и го елиминираше бранителот на титулата со вкупен резултат од 2-1 во полуфиналната плејоф серија до две победи. Кошаркарките на Бадел 1862 беа подобри од самиот почеток на мајсторката во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица и веќе во првата четвртина имаа ...