Јувентус му сервираше „петарда“ на Кремонезе во 20. коло од Серија А. Победата на „Старата дама“ од 5-0 беше најавена со голот на Бремер уште во 12.минута, а веќе во 15. минута Дејвид зголеми на 2-0. Гостите во 27. минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Никола, па сето тоа беше искористено од домашните за дополнително полнење на противничката мрежа. Во 35. минута Јилдиз зголеми на 3-0, иако претходно не успеа да погоди од белата ...

Јувентус игра се подобро под водство на Лучијано Спалети, па така оваа вечер популарните „бјанконери“ го потопија Кремонезе на соочувањето во Торино. Кремонезе знаел да биде незгоден за доста квалитетни екипи во текот на оваа сезона, ама не и за Јувентус кој во месец ноември го совлада со 2-1, а сега и со 5-0. Домаќините веќе по 15 минути водеа со 2-0 со головите на Бремер и Дејвид со што стана јасно во кој правец ќе се движи ова соочување. ...